• петок, 15 ноември 2024

ЛДП: Институциите транспарентно да ја водат истрагата, оние кои направиле злоупотреби да одговараат

ЛДП: Институциите транспарентно да ја водат истрагата, оние кои направиле злоупотреби да одговараат

Скопје, 3 септември 2023

Изразуваме голема загриженост во однос на вознемирувачките информации изнесени во медиумите запрепродажбата на лекови и оставање на болните од карцином без терапија на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Откако МВР и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје влегоа во оваа здравствена установа за да направат претрес во рамки на предистражната постапка поврзана со одземањето на терапиите за болни од рак и продавање на црниот пазар од страна на вработени во Клиниката, реагираа од Либерално-Демократската партија.

Злоупотребите за кои слушаме се пораз на општествениот систем си значат повреда на правата на пациентите, но и непочитување на основните етички принципи во вршење на здравствената дејност, како и прекршување на основното човеково право на живот. Либерално-Демократската партија ги охрабрува засегнатите институции внимателно и транспарентно да ја водат истрагата, односно да не дозволат повторно да сведочиме на немање одговорност и прикривање на вистинските факти. Оние кои правеле злоупотреби со цитостатици и ги ставиле во опасност човечките животи, треба да одговараат и да го знаеме нивното име и презиме, час поскоро.“ - вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова.

Таа додава дека секој човек е важен и има еднакво право на соодветен третман во здравството.

Секој од нас може да се најде во состојба да му е неопходна терапија за да си го продолжи животот. Не дозволиво е повеќе да ни умираат децата, родителите, ние за некој неовластено да стекнува финансии. Секој човек е важен и има еднакво право на соодветен третман. Затоа повикувам и на морална одговорност на менаџментот на Клиниката и кривична одговорност и јавно објавување на сторителите. Потребна е итна реорганизација на здравствениот систем и поставување на систем на индивидуална одговорност.“ - истакна претседателката Зајкова.

Од партијата потенцираат дека му даваат поддршка на Јавното обвинителство и другите органи и очекуваат што поскоро да се расчистат сомнежите, како и да се споделат со јавноста точни информации за тоа што се случувало на Клиниката за онкологија која е единствена здравствена установа од ваков тип и таму се лекуваат најголем број пациенти болни од рак.

ЛДП

Фото: ЛДП

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан