• недела, 07 април 2024

„Лајка“ ќе ги учи децата во скопските училишта за одговорно чување и грижа за милениците

„Лајка“ ќе ги учи децата во скопските училишта за одговорно чување и грижа за милениците

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Јавното претпријатие за благосостојба на животните - скитници, „Лајка“ започнува едукативен караван во скопските училишта на тема „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик“. Децата ќе имаат можност да се едуцираат и да научат што подразбира одговорно чување куче и како да се грижат за нивните миленици, наведуваат од претпријатието во денешното соопштение.

Активностите се во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерството“, под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.

- Сметаме дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња, важно е да се влијае на децата. Па затоа, целта на оваа активност е преку едукација да се зголеми свесноста кај најмладите за одговорното сопствеништво, за теми како што се ненапуштањето на милениците и соодветната грижа за истите, а преку тоа и да се придонесе кон долгорочно решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња во Скопје, но и во земјава, пишува во соопштението на претпријатието. бд/са/

Фото: „Лајка“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан