• вторник, 11 март 2025

Лашкоска: Се реафирмира соработката со Чешка Република во областа животна средина

Лашкоска: Се реафирмира соработката со Чешка Република во областа животна средина

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - Заменик министерката Ане Лашкоска, денеска учествува на 3-тата сесија на Чешко-Македонскиот заеднички комитет за економска соработка која се одржува во Прага, Чешка Република.

-Во рамки на оваа официјална посета, заменик министерката Лашкоска оствари билатерална средба со заменик министерот на чешкото Министерство за животна средина  Франтишек Талир. На средбата, од двете страни беше реафирмирана досегашната соработка меѓу двете држави во областа животна средина и се отворија нови можности за продлабочување на истата, особено во делот на управување со водите, инвентаризација на опасните хемикалии, квалитетот на воздух и заштитата на природата, информираат од МЖСПП.

Третата  сесија на Чешко-Македонскиот заеднички комитет за економска соработка, завршила со потпишување на Протокол за соработка помеѓу министерката за енергетика, рудатство и минерални суровини, Сања Божиновска во име на Владата на РСМ и заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката Република Јан Кавалирек . сст/мд/

Фото Министерство за животна средина и просторно планирање 

Остани поврзан