• сабота, 23 ноември 2024

Лашет со критики до САД поради повлекување од Кабул

Лашет со критики до САД поради повлекување од Кабул
Берлин, 26 август 2021 (МИА) - Кандидатот на владејачката ЦДУ/ЦСУ за германски канцелар Армин Лашет упати критики кон САД поради повлекувањето од аеродромот во Кабул. - Американците пред 70 години нас не спасија со воздушен мост и не префрлија во слободен Берлин и затоа сум разочаран што сега така брзо се повлекуваат од Кабул. Повеќе од 10.000 луѓе чекаат на аеродром. Не смееме да ги оставиме на цедило, посочи Лашет на отворањето на Академијата за меѓународна политика Северна Рајна Вестфалија во Бон. Тој додаде дека земјите-членки на Европска Унија во иднина мора да бидат во состојба и без САД да обезбедат еден таков аеродром. ми/

Остани поврзан