Лацио го загуби третиот натпревар по ред во Серија А
- Тимот на Лацио, кој до пред кризата со коронавирусот беше многу сериозен конкурент за шампионскиот трофеј, влезе во резултатска криза. „Лацијалите“ попладнево загубија на свој терен од Сасуол

Рим, 11 јули 2020 (МИА) – Тимот на Лацио, кој до пред кризата со коронавирусот беше многу сериозен конкурент за шампионскиот трофеј, влезе во резултатска криза. „Лацијалите“ попладнево загубија на свој терен од Сасуоло (1:2) во натпреварот од 32. Коло, иако на полувреме водеа со 1:0.
За римскиот клуб единствениот погодок го постигна Луис Алберто, додека за Сасуоло погодија Џакомо Распадори и Франческо Капуто.
За Лацио, овој пораз беше трет по ред во Серија А.
Сасуоло го завзема 8. место на табелата со 46 бода, Лацио е втор со 68 бода. зс/