• петок, 22 ноември 2024

Латвија вети дополнителна воена помош и беспилотни летала за Украина

Латвија вети дополнителна воена помош и беспилотни летала за Украина

Рига, 4 април 2024 (МИА) - Латвија ќе и обезбеди на Украина дополнителна воена помош за одбрана од Русија, изјави премиерката Евика Силина по средбата со нејзиниот украински колега Денис Шмигал, јави ДПА.

Таа најави дека веќе овој месец на Киев ќе му бидат предадени опрема и технички средства од армијата на балтичката земја, членка на ЕУ и НАТО.

- Новиот пакет воена помош вклучува муниција, експлозиви и оружје, транспортни средства, комплети за лична заштита и помошна опрема, прецизира Силина.

Покрај тоа, таа додаде дека Латвија наскоро ќе ги испрати првите беспилотни летала, секое во вредност од 1 милион евра во Украина.

Силина објави дека Украинците веќе ги тестирале беспилотните летала и ги прогласиле за борбени. Таа рече дека нејзината влада сака да обезбеди 10 милиони евра за развој на беспилотни летала оваа година. паг/

Фото:ЕПА

 

Остани поврзан