• недела, 05 јануари 2025

Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата

Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата

Лас Вегас, 3 јануари 2025 (МИА) - Човекот, кој беше во автомобилот што експлодира пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас извршил самоубиство пукајќи си во главата пред експлозијата, соопштија претставници на американската полиција.

Метју Ливелсбергер (37) од Колорадо, бил високо одликуван припадник на Зелените беретки на американската армија, кој бил распореден двапати во Авганистан и веројатно планирал да направи најголема можна штета, сметаат експертите кои наведуваат дека челичната каросерија на возилото амортизирала голем дел од силата на иницијалната експлозија. 

Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмехил на прес-конференција изјави дека кај ногата на човекот на возачкото седиште бил пронајден пиштол.

„Меѓу јагленосаните предмети пронајдени во возилото имало и огнено оружје, голем број пиротехнички средства, пасош, воена карта, кредитни картички, ајфон и паметен часовник“, рече Мекмехил.

Кени Купер, специјален агент во американското Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви, рече дека нивото на софистицираност на овој напад не е она што би се очекувало „од поединец со ваков вид воено искуство“. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан