• сабота, 08 март 2025

Лами: Британија и Филипини се обврзаа на меѓународниот поредок заснован на правила

Лами: Британија и Филипини се обврзаа на меѓународниот поредок заснован на правила

Манила, 8 март 2025 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска изјави дека Велика Британија и Филипините се посветени на меѓународниот поредок заснован на правила.

Лами, кој е во официјална посета на Филипините, исто така истакна дека двете земји стојат заедно во поддршката на Украина и во залагањето за слободен и отворен индо-пацифички регион.

Филипините и Велика Британија потпишаа заеднички рамковен договор за унапредување на соработката во повеќе области, вклучително и одбраната, регионалната безбедност и акцијата за климатски промени, отворајќи го патот за подлабока соработка во справувањето со заедничките предизвици и можности. 

Лами и филипинскиот министер за надворешни работи Енрике Манало го потпишаа договорот и ја истакнаа посветеноста на нивните земји за проширување на економските врски и промовирање на стабилноста во Индо-Пацификот.

„Ние сме земји посветени на меѓународното право. Ние сме земји посветени на поредок заснован на правила. Ние сме земји кои сериозно ги сфаќаат нашите обврски од Повелбата на ОН“, рече Лами.

Манало се заблагодари за „силната поддршка на Велика Британија за слободен, мирен и просперитетен Индо-Пацифик“ и додаде дека двете земји се согласиле да продолжат со заедничките воени вежби. паг/

 

 

 

Остани поврзан