• четврток, 22 февруари 2024

Ламело Бол долгорочно надвор од теренот поради повреда

Ламело Бол долгорочно надвор од теренот поради повреда

Шарлот, 29 ноември 2023 (МИА) – Ѕвездата на Шарлот хорнетс, Ламело Бол, претрпе сериозно истегнување на десниот скочен зглоб и најверојатно ќе пропушти подолг временски период, пишува инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Шаранија.

Испитувањето покажа дека 22-годишниот кошаркар во неделата на натпреварот со Орландо меџик избегнал фрактурата на зглобот за која би била потребна операција.

На почетокот на сезоната, Бол имаше просек од 24,7 поени, 8,2 асистенции и 5,5 скока по натпревар.

Бол минатата сезона ја заврши во февруари поради фрактура на десниот зглоб, истиот што го истегна во неделата. Тој исто така, поради повреди одигра само 51 натпревар за време на неговата дебитантска сезона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан