• сабота, 21 декември 2024

Лазарова Трајковска: Јавноста мора да знае што работат судовите, така ја враќаме вербата во владеењето на правото

Лазарова Трајковска: Јавноста мора да знае што работат судовите, така ја враќаме вербата во владеењето на правото
Скопје, 10 август 2022 (МИА) - Меѓународната соработка е клуч за борбата против организираниот криминал, а отворениот пристап кон јавноста, објавувањето на пресудите поврзани со организиран криминал, перење пари и корупција е од големо значење за јавноста. Пресудите мора да бидат добро образложени и јасни и за засегнатите во тие предмети, но и за јавноста.Тоа е една од областите каде што треба да се работи. Да ги доближиме пресудите до граѓаните, вели Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд на Северна Македонија и национална координаторка на проектот на АИРЕ/РАИ за регионално поврзување на експерти од областа на конфискација и управување со имот произлезен од кривично дело. Лазарова Трајковска, на денешната презентација на Регионалната мрежа на експерти за ова прашање воспоставена од Совети за индивидуалните права во Европа (АИРЕ) центарот и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), со поддршка од Владата на Обединетото Кралство, исто така, укажа на важноста на следење на стандардите на Европскиот суд за човековите права во оваа област и комуникацијата со експерти од просторот на Западниот Балкан. - Клучната мотивација за регионалниот дијалог е изнаоѓање одговор на прашањето „каде се слабостите, а каде се добрите искуства на системот во мојата земја?“ Како судијка на Врховниот суд работам на предмети во кои се појавува имот произлезен од кривични дела, па препознавам колку е важно постојано да ја подобруваме нашата судска практика. Мерката конфискација на имот може да биде од голема корист, не само за заштита на економијата од корупција, туку правилната примена на конфискација на имот во постапки каде што постои организиран криминал служи за заштита на јавното добро. Јас верувам дека добар закон, добро допро применет во пракса, може да донесе јакнење на владеењето на правото. Корупција, организиран криминал и перење пари ги напаѓа јавните добра и не смее да остане неказнет(а), па на мора да  се одземе она што не им припаѓа на сторителите на ваквите криминални активности. Моите мотиви во регионалната соработка се поврзани со мојата сегашна професија, но и со моите претходни професионални активности, и имаат за цел да споделам знаења од судската практика на ЕСЧП, а преку компаративен пристап, да се подобрат практиката и законите и во мојата земја, рече Лазарова Трајковска, се вели во соопштението од AIRE центарот. Судијката Лазарова Трајковска вели дека неуморната работа во оваа област е прашање на морална и законска должност. - Денес и овде борбата за владеење на правото и против организираниот криминал е патриотска работа и должност. Мора да има взаемна поддршка и соработка во регионот и поврзаност на институциите. Со помош на АИРЕ центарот и РАИ на тој начин ја јакнеме и судската култура за отворен пристап кон јавноста. Транспарентноста помага во градење на довербата во судството и правдата, рече Лазарова Трајковска. Конфискацијата е едно од најефикасните средства за борба против организираниот криминал, но е од особено чувствителен карактер. Судиите, се вели во соопштението, мора да го применуваат законот и да бидат свесни дека станува збор за право на имот, што значи дека мора да ги утврдат сите факти до последниот детал, за правилно да го конфискуваат имотот, имајки го пред себе јавниот интерес мора да внимават никако да не го повредат приватниот интерес. - Затоа е важно сите институции да бидат изградени на здрави темели. Така на пример, зборувајки за македонските искуства и добри практики, може да се каже дека Комисијата за спречување корупција заслужува пофалби.Транспарентниот начин на избор на оваа комисија создаде во јавноста перцепција дека  таа  работи непристрасно. Понатаму, значајно е понатамошно поткрепување и унапредување на институциите кои работат на следење на паричните текови.. Покрај тоа, во Јавното обвинителство беше формирана посебна канцеларија која ќе се грижи за меѓународната соработка во врска со постапките за замрзнување и конфискација на имот. Македонија направи и Стратегија во врска со конфискацијата и управувањето со одземениот имот, која ги обединува сите релевантни институции. Сепак, како и во Регионот, и во мојата земја има уште да се сработи. АИРЕ центарот и РАИ придонесуваат да се подигне свеста за тоа кои се нашите предизвици, на што треба да работиме, кои се празнините што треба да ги пополниме. Едукацијата, прирачниците, упатствата и размената на искуства се темелот на толку потребниот напредок. Затоа растеме заедно, заклучува судијката Лазарова Трајковска. Преку регионална соработка, воспоставена е онлајн (интернет) платформа фокусирана на поврзување и информирање за конфискација и управување со имот произлезен од кривични дела, а Мрежата на експерти ќе ги постави темелите за позначајна соработка меѓу јурисдикциите од Западниот Балкан во иднина. аа/сп/

Остани поврзан