• сабота, 04 мај 2024

Лазарини: Повеќе деца се убиени во војната во Газа отколку за четири години во конфликтите ширум светот

Лазарини: Повеќе деца се убиени во војната во Газа отколку за четири години во конфликтите ширум светот

Њујорк, 12 март 2024 (МИА) – Шефот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Филипо Лазарини денеска на платформата Икс објави дека поголем број деца загинале во војната во Појасот Газа во споредба со бројот на детски жртви во конфликтите ширум светот во изминатите четири години.

Запрепастувачки. Бројот на пријавени деца убиени за нешто повеќе од четири месеци во Газа е поголем од вкупниот број на деца убиени во четиригодишните војни ширум светот, истакна Лазарини.

Тој на Икс објави и табела со бројот на загинати деца во Појасот Газа и ширум светот, повикувајќи се на податоци на Обединети нации и Министерството за здравство во Газа. ми/

фото: Икс

Остани поврзан