• петок, 22 ноември 2024

Лажна е пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРМ во Скопје

Лажна е пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРМ во Скопје

Скопје, 13 јануари 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРМ во Скопје. Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен, соопштија од МВР.

  • Денеска (13.01.2024) по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти, стои во соопштението

На терен можеше да се видат повеќе возила на полицијата како и полициски службеници. 

 

Фото: МИА

Остани поврзан