Лагард повика на посилен единствен пазар на ЕУ за борба против царините
- Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, смета дека Европската Унија треба да одговори на царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп со зајакнување на својот единствен пазар.
Берлин, 4 јули 2025 (МИА) – Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, смета дека Европската Унија треба да одговори на царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп со зајакнување на својот единствен пазар.
- Секако, САД се голема земја, важно место, а исто така и важен трговски партнер за нас. Но, она што треба да го направиме е да си ја средиме сопствената куќа, изјави денеска шефицата на централната банка за германското радио.
- Имаме огромен потенцијал во Европа, рече таа и ја нагласи важноста да се обезбеди слободно движење на стоки, капитал и луѓе во рамките на заедницата, пренесе ДПА.
Лагард повика да се надминат внатрешните бариери и дополнително да се усогласат процедурите за лиценцирање и другите национални барања. јт/
Фото: ДПА