• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лагард: ЕУ да се откаже од правото на вето и да ја искористи шансата за „глобално евро“

Лагард: ЕУ да се откаже од правото на вето и да ја искористи шансата за „глобално евро“

Франкфурт, 17 јуни 2025 (МИА) – Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард во колумна за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times) предупреди дека Европска Унија премногу често се парализира себеси дозволувајќи им на поединечните земји-членки да ги блокираат итно потребните реформи.

- Не смее повеќе да се дозволи едно вето да им застане на патот на колективните интереси на другите 26 земји-членки, истакна Лагард, залагајќи се за почесто користење на гласањето со квалификувано мнозинство во критичните области.

Според неа „длабоката промена во глобалниот поредок“ ѝ дава на Европа можност да преземе поголема контрола врз својата иднина и да ја следи визијата на „глобално евро“.

- За еврото да го достигне својот целосен потенцијал, Европа мора да зајакне три основни столба: геополитички кредибилитет, економска отпорност и правен и институционален интегритет, истакна Лагард.

Таа, исто така, ја повика ЕУ да ја искористи својата позиција како најголем трговски блок во светот за да обезбеди нови трговски договори. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан