• вторник, 19 ноември 2024

Лагард: Економијата на ЕУ драстично паѓа

Лагард: Економијата на ЕУ драстично паѓа
Брисел, 19 јуни 2020 (МИА) - Лидерите на ЕУ мора брзо да усвојат план за закрепнување од корона-кризата бидејќи економијата драматично паѓа, предупреди денеска шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. За првпат, лидерите на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок преку видео врска ќе разговараат за  обнова на ЕУ од корона-кризата и за предлогот за повеќегодишен буџет за периодот од 2021-2027 година. Според претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, денешната средба треба да биде „клучен чекор“ кон договорот што лидерите на ЕУ треба да го постигнат на следниот состанок. Таа „физичка“ средба треба да се одржи во првата половина на јули. Кристин Лагард денеска ги предупреди европските лидери дека мора да го преземат водството во процесот на закрепнување. - Економијата на ЕУ драстично паѓа, рече Лагард.
Според неа, показателите сигнализираат дека економската активност во еврозоната ќе падне за некои 13 проценти во вториот квартал. 
Таа ги потврди банкарските проценки за падот на БДП на еврозоната оваа година за 8,7 проценти, а закрепнувањето во 2021 година, со проценета стапка на раст од 5,2 отсто. паг/

Остани поврзан