• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лавров пристигна на Алјаска во џемпер со натпис „СССР“

Лавров пристигна на Алјаска во џемпер со натпис „СССР“

Анкориџ, 15 август 2025 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пристигна на Алјаска пред денешната средба меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, привлекувајќи внимание со својот изглед.

Лавров, при пристигнувањето во хотелот во Анкориџ, носеше џемпер со натпис „СССР“ (Сојуз на Советските Социјалистички Републики) и црн елек.

Во кратка изјава за медиумите, Лавров рече дека очекува продолжување на „добрата и корисна комуникација“ со американската делегација, посочувајќи дека имаат јасна позиција која ќе ја претстават на разговорите.

Тој потсети дека досега е постигнат значителен напредок, особено за време на посетата на американскиот пратеник Стив Виткоф, и изрази надеж дека и овој состанок ќе донесе позитивни резултати. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан