• четврток, 26 декември 2024

Лавров: Легитимноста на изборите во Украина ќе зависи од тоа како ќе се одржат

Лавров: Легитимноста на изборите во Украина ќе зависи од тоа како ќе се одржат

Москва, 14 ноември 2024 (МИА) -  За легитимноста на изборите во Украина, доколку се одлучи да се одржат во пролетта 2025 година, ќе се суди дури откако ќе бидат завршени, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Изборите може да се организираат на различни начини, видете како се организираат изборите во Молдавија. Можеме да ја оцениме легитимноста на овој или оној изборен процес само кога ќе видиме како се одвиваше и како беше организиран“, изјави Лавров за ТВ „Русија 1“.

Претходно британскиот магазин Економист објави дека изборите во Украина би можеле да се одржат веќе на 25 мај 2025 година. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан