Лавров и Фидан телефонски разговарале за Украина, Сирија, енергетската безбедност
- Министрите за надворешни работи на Русија и Турција Сергеј Лавров и Хакан Фидан телефонски разговарале за Украина, Сирија и важноста од спречување на ризиците за енергетската безбедност, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
![Лавров и Фидан телефонски разговарале за Украина, Сирија, енергетската безбедност](https://mia.mk/images/20250112195551_big_730x400_37.webp )
Москва, 12 јануари 2025 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Русија и Турција Сергеј Лавров и Хакан Фидан телефонски разговарале за Украина, Сирија и важноста од спречување на ризиците за енергетската безбедност, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Шефовите на дипломатијата за време на редовен, доверлив дијалог разменија мислења за меѓународни и регионални прашања, вклучително и за ситуацијата околу Украина, се вели во соопштението.
Посебно внимание било посветено на потребата да се спречат чекори насочени кон создавање ризици за обезбедување енергетска безбедност. јт/
Фото: МИА архива