• сабота, 21 декември 2024

Кјелини поддржа формирање Супер лига

Кјелини поддржа формирање Супер лига
Милано, 10 ноември 2021 (МИА) - Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини, го поддржа денеска неуспешниот проект наречен европската Супер лига и се заложи за реформирање на италијанскиот фудбал. - Разговарам на таа тема со претседателот... Иднината на фудбалот сè повеќе се движи кон европски пристап во однос на националните лиги. Со сето должно почитување, секој фудбалер на Јувентус сака да игра такви натпревари. Спортистите на наше ниво, но и навивачите, сакаат да гледаат повеќе натпревари на европско ниво. Стигнавме до точка од која нема враќање, изјави Кјелини за ДАЗН. Супер лигата беше иницирана во април годинава, но пропадна во рок од 48 часа под силен притисок на навивачите, медиумите и меѓународните организации. Од проектот прво се откажаа англиските клубови Челзи, Тотенхем, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Арсенал, по кои тргнаа Атлетико Мадрид, Милан и Интер, и ги оставија Јувентус, Барселона и Реал Мадрид единствените, кои и натаму не се откажуваат од идејата. Кјелини е меѓу ретките европски фудбалери кој застанаа во одбрана на Супер лигата. ег/ми/  

Остани поврзан