• вторник, 17 септември 2024

Кјелини за Суперлигата: Сакам да играм против големи клубови секоја недела

Кјелини за Суперлигата: Сакам да играм против големи клубови секоја недела
Торино, 5 февруари 2021 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Јувентус, Џорџо Кјелини даде поддршка на планот за создавањето на европската Суперлига. - Пред пет години му реков на Ањели дека се надевам дека ќе играм секоја недела против противници како Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн и сите други големи европски клубови. За играч на високо ниво, ова е најдобра опција. Се надевам дека ќе видам големи промени, можеби нов формат за Лигата на шампионите. Фудбалскиот производ има потреба од напредок, бидејќи коронавирусот и несигурноста го попречува растот, изјави Кјелини за „So Foot“. Претходно, ФИФА и УЕФА објавија дека ќе забранат клубови од европската Суперлига да учествуваат на турнири под нивна закрила. зс/

Остани поврзан