• вторник, 19 ноември 2024

КФОР демантира дека учествувал во преговори за повлекување на Срби од Бањска

КФОР демантира дека учествувал во преговори за повлекување на Срби од Бањска

Приштина, 26 мај 2024 (МИА) - Кфор денеска ги демантираше тврдењата од неодамнешниот извештај на Меѓународната кризна група (МКГ) дека учествувала во наводните преговори за повлекување на група „српски борци“ по настаните во селото Бањска минатата година.

„Тоа не е точно. Кфор во ниту еден момент не бил вклучен во наводните преговори“, се посочува во соопштението на Кфор.

Во соопштението се демантираат наводите од извештајот на МКГ дека по настаните во Бањска во септември минатата година, припадници на КФОР преговарале за „повлекување на група српски борци во околните шуми, од каде исчезнале“. зш/

Остани поврзан