• сабота, 21 декември 2024

Курти: Со заеднички гранични премини на Блаце и Јажинце ќе биде олеснет протокот на граѓани

Курти: Со заеднички гранични премини на Блаце и Јажинце ќе биде олеснет протокот на граѓани

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) – Северна Македонија и Косово се обврзаа да направат проекти за одржлива енергија и енергетска ефикасност, како и да се зголеми и продлабочи соработката помеѓу експертите на енергетските компании од двете држави. Акцент ќе биде ставен и на снабдувањето со јаглен, за да се обезбеди поевтина цена за граѓаните и одржлив енергетски систем за подобрување на капацитетите на двете држави. Ова денеска го истакна премиерот на Косово Албин Курти, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, по одржувањето на меѓувладината седница во Приштина, каде беа потпишани меморандуми за соработка во делот на енергетиката, образованието и трговската размена.

Како што посочи косовскиот премиер, во делот на трговската размена двете држави ќе имаат заеднични гранични премини на „Блаце - Елез Хан“ и „Јажинце - Глобочица“, со што се очекува да биде олеснет протокот на граѓани, како и да биде скратено времето на чекање. Во делот на образованието, Курти посочи дека Косово има одличен пример во дуалното образование во средните училишта, каде им се овозможува директна врска на работодавците и учениците.

– Потпишаниот меморандум за соработка во делот на образованието е фокусиран на стручното оспособување на образованието. Стручното оспособување е идентификувано како клучен аспект во Европската зона за образование за периодот 2023-2030 година. Косово и Македонија учествуваат во многу иницијативи во овој сектор. Тука фактор за зајакнување на квалитетот на образованието на стручното образование во Југоисточна Европа, каде што двете наши држави се партнери за зајакнување на стручното оспособување и на образованието, поврзано со потребите на пазарот на трудот, рече Курти. 

Оптимист сум, додаде, дека земјите во трговската размена ќе постигнат пола милијарда

– Оптимист сум дека ќе постигнеме пола милијарда трговска размена, како што разговаравме со премиерот Мицкоски. Што се однесува до извозот на Косово генерално, има се повеќе успех со извоз на лесната индустрија, пијалоците, храната, кожата, текстилните обработки, посебно обработката на дрво и метали, како и технолошката и информатичката сфера. Увезуваме различна стока од Северна Македонија и убеден сум дека ќе достигнеме пола милијарда, со што нашите индустрии ќе одат паралелно со зголемување на куповната моќ на граѓаните на нашите две земји, додаде Курти. ра/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан