• петок, 22 ноември 2024

Курти: Еднонационални решенија не се можни

Курти: Еднонационални решенија не се можни

Приштина, 10 март 2023 (МИА) - Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека очекува да се постигне договор на претстојната средба со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Охрид и повторно ја отфрли можноста за формирање Заедница на српски општини.

„Договорот требаше да го потпишеме на 27 февруари. За жал, претседателот на Србија не сакаше. Овој основен договор, предложен од ЕУ, претставува солидна основа за напредок и се надевам дека конечно ќе го постигнеме на 18 март“, изјави Курти за Еуроњуз, пренесе Бета.

Тој повтори дека нема да го исполни барањето на Србија за формирање Заедница на српски општини во согласност со Бриселскиот договор.

„Тука сум како премиер на сите граѓани, без разлика на нивниот национален идентитет, национална или верска припадност. Затоа, сакам да ги задоволиме сите граѓани според нивните права, потреби и барања. Еднонационални решенија, поради правниот поредок на нашата демократска република, не се можни“, истакна Курти. паг/

 

Остани поврзан