Купер: Израел ја влошува и онака катастрофалната хуманитарна ситуација
- „Израелските сили го ескалираат конфликтот во Газа, уривајќи уште повеќе домови, принудувајќи преплашени семејства да бегаат“, рече таа. „Тоа е несфатливо, нехумано, целосно неоправдано и мора да престане“, рече шефот на британската дипломатија.
Њујорк, 24 септември 2025 (МИА) - Израелската влада ја влошува и онака „катастрофалната хуманитарна ситуација“ со преместувањето на своите сили во градот Газа, изјави шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер, во Обединетите нации.
Купет изјавата ја даде по одлуката на Обединетото Кралство да ја признае палестинската државност.
„Израелските сили го ескалираат конфликтот во Газа, уривајќи уште повеќе домови, принудувајќи преплашени семејства да бегаат“, рече таа. „Тоа е несфатливо, нехумано, целосно неоправдано и мора да престане“, рече шефот на британската дипломатија.
„Сето ова дејство на израелската Влада ќе го влоши катастрофалниот хуманитарен статус“, рече Купер, додавајќи дека ескалацијата, исто така, ќе го отежни ослободувањето на преостанатите израелски заложници.
Илјадници луѓе и вчера сè уште бегаа од градот Газа, додека Израел продолжува со својата копнена офанзива, објави ДПА. Жителите на градот за германската агенција рекоа дека, поради жестокоста на нападите, од понеделникот многу повеќе луѓе го напуштиле градот на северот од Појасот Газа.
Пред почетокот на засилените израелски напади, околу еден милион жители и внатрешно раселени лица живееја во градот Газа. Израелската армија му нареди на населението да се пресели во јужниот дел од крајбрежната енклава.сд/
фото:ЕПА