• петок, 05 декември 2025

Куомо останува во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат

Куомо останува во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат

 

Њујорк, 15 јули 2025 (МИА)  - Поранешниот гувернер на Њујорк, Ендру Куомо, изјави дека ќе остане во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат откако ги загуби прелиминарните избори на демократите од Зохран Мамдани, јавуваат американските медиуми.

Тој, во видео порака, навести дека ќе се соочи со демократскиот кандидат Мамдани, за кого рече дека „нуди паметни слогани, но нема вистински решенија“.

-Борбата за спасување на нашиот град не е завршена, рече Куомо, додавајќи дека „само 13 проценти од жителите на Њујорк гласаа на прелиминарните избори во јуни. Изборите се во ноември и јас ќе се кандидирам за победа“.

Актуелниот градоначалник Ерик Адамс, исто така, ќе се кандидира како независен кандидат, а републиканците како свој кандидат го номинираа Куртис Слива, основачот на граѓанските патроли против криминалите на „Ангели чувари“ во 1970-тите, јавуваат американските медиуми.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан