• сабота, 21 декември 2024

Куомо: Масовните собири може да ја загрозат борбата против коронавирусот

Куомо: Масовните собири може да ја загрозат борбата против коронавирусот
Њујорк, 1 јуни 2020 (МИА) - Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо денеска изрази загриженост дека масовните протести во Њујорк поради смртта на Џорџ Флојд може да ја загрозат долгата и тешка борба за сузбивање на пандемијата на коронавирусот. - Вклучете го телевизорот и видете ги овие масовни собири кои можат потенцијално да заразат стотици и стотици луѓе по сè што направивме, рече Куомо на прес-конференција. Тој предупреди дека луѓето треба да се запрашаат што прават. Гувернерот на Њујорк се согласува со демонстрантите кои се борат против расизмот и социјалната нееднаквост, но тој е фрустриран поради можното компромитирање на социјалните и економските жртви направени во периодот од повеќе од два месеци. Иако многу демонстранти се млади, тие можат да го пренесат вирусот на нивните мајки, татковци, баби и дедовци, рече Куомо. јт/

Остани поврзан