• недела, 19 мај 2024

Куман: Меси ги покриваше сите проблеми со ефикасноста на Барселона

Куман: Меси ги покриваше сите проблеми со ефикасноста на Барселона
Барселона, 22 септември 2021 (МИА) - Тренерот на Барселона, Роналд Куман, ги сподели своите ставови за влијанието на поранешниот напаѓач Лионел Меси врз тимот. - Меси засени се во Барселона. Тој ги покри сите проблеми на клубот со неговиот квалитет на игра и ефикасност. Беше толку добар, победуваше. Се разбира, секогаш имаше добри играчи околу Лионел, но тој имаше лидерска улога. Наспроти него, сите изгледаат полошо. Ова не е критика, ова е констатација. Пред да се приклучам на Барселона, знаев дека Меси е добар, но да го гледам секој ден беше вистинско задоволство. Тој секогаш беше ефикасен, без непотребни движења, истакна Куман. Меси ја напушти Барселона во летниот преоден рок откако му истече договорот со каталонскиот клуб. Неколку дена подоцна, Аргентинецот се пресели во ПСЖ. зс/

Остани поврзан