• понеделник, 23 декември 2024

Куман: Лапорта не ме сакаша и се залагаше да ја напуштам Барселона

Куман: Лапорта не ме сакаша и се залагаше да ја напуштам Барселона
Барселона, 3 март 2022 (МИА) - Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман изјави дека претседателот на клубот Жоан Лапорта инсистирал на негово заминување. - Бев тренер кој Лапорта не го сакаше, тоа го разбрав од самиот почеток. Немаше поддршка одозгора. Парите не ми беа главниот фактор. Навистина сакав да успеам како менаџер во Барселона, да дадам сé од себе. Но, подоцна сфатив дека Лапорта сака да се ослободи од мене, бидејќи не бев назначен од него, го цитира Куман „Мундо Депортиво“. Куман е на чело на Барселона од август 2020 година. Во сезоната 2020/21, каталонскиот клуб под негово водство го освои Купот на Шпанија, заземајќи го третото место во шпанското првенство. Холанѓанецот ја напушти функцијата на 28 октомври 2021 година. зс/

Остани поврзан