• петок, 26 април 2024

Куман за поразот од Франција: Игравме премногу наивно

Куман за поразот од Франција: Игравме премногу наивно

Париз, 25 март 2023 (МИА) - Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман ги искажа впечатоците за натпреварот од квалификацискиот турнир за ЕП 2024 против Франција (0:4).

 

- Ја загубивме топката на 20 метри од голот и бевме казнети од големите противници. Играа премногу наивно. Жално е што многу играчи отпаднаа поради вирус, но тоа не е она за што зборуваме во моментов. Дефинитивно не одигравме добро. Не ги обвинувам само младите, очекував повеќе и од ветераните, изјави Куман.

 

Во групата Б водат Франција и Грција со по три бода. Холандија и Гибралтар немаат освоено бод.

 

Во следниот натпревар Франција ќе игра на гости со Ирска на 27 март, Холандија истиот ден ќе игра на домашен терен против Гибралтар. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан