• недела, 22 декември 2024

Кумановските средни училишта евидентираат заштеди по поставувањето на фотоволтаиците на различните објекти

Кумановските средни училишта евидентираат заштеди по поставувањето на фотоволтаиците на различните објекти

Куманово, 29 март 2024 (МИА) - Заштедата од поставувањето на фотоволтаиците на објектите од средните училишта во Куманово е очигледна изјавија денеска директорите на три средни општински училишта. Според нив првичните проценки се позитивни, иако велат дека е потребно повеќе време за да се види заштедата.

Фотоволтаиците во средното „Наце Буѓони“ беа поставени на 19 септември, лани на површина од 1.068 метри квадратни. Според потрошувачката во декември биле 2022 пред да бидат поставени фотоволтаиците биле потрошени 10011.9 киловат часови, во декември 2023-9919.8.

Јануари 2023 (7274.7) и јануари 2024 (6629.7) разликата е очигледна, вели директорот на училиштето. За темелна статистика, потребно ни е повеќе време. Но и овие месеци сме задоволни од заштедата. Мора да се земат предвид и временските услови, значи има разлика какви се зимските месеци. итн. сепак главно сме задоволни, изјави директорот на „Наце Буѓони“, Драган Јаневски.

Во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ фотоволтаици се поставени на 400 метри квадратни.

- Заштедата е огромна. Во ноември 2022 сметката за струја изнесуваше над 74.000 денари во 2023 откако се поставени изнесува нешто над 35.000 илјади денари. Декември пак 2022 изнесувала скоро 77.000 денари, а во 2023, над 32.500, изјави директорката на гимназијата „Гоце Делчев“, Марија Тодоровска.

Слична е состојбата во двата објекти на средното училиште „Перо Наков“. Фотоволтаици во два различни објекти се поставени за месец дена разлика, лани, септември-октовмри

- На двата објекти севкупно разликата р огромна. За декември 2022 имаме потрошувачка од над 10.000 киловат часови, во декември 2023 кога веќе беа поставени и откако функционираа фотоволтаците, потрошувачкаа е 9.700, изјави директорката на „Перо Наков“, Мила Жибак Димковска.

Сите училишни објекти претходно беа реконструирани и беа поставени и енергетски ефикасни фасади, заменети беа покриви, нови врати и прозорци. Надлежните сметаат дека „зелените“ инвестиции продоендуваат за почиста животна средина и поголема заштеда. ам/свс/

Фото: Општина Куманово и МИА архива

Остани поврзан