Кумановскиот оџачар Дино ќе чисти 62 очака во Кочани, средствата ќе ги донира за најзагрозеното семејство
- Кумановецот Амзир Рушити-Дино, единствениот оџачар од градот во соработка со невладина организација од Кочани ќе исчисти 62 оџаци и собраните средства ќе ги донира за загрозено семејство во Кочани. Хуманата мисија ја спроведува, како што вели, за да помогне на градот кој се соочи со невидена трагедија.
Куманово, 28 април 2025 (МИА) - Кумановецот Амзир Рушити-Дино, единствениот оџачар од градот во соработка со невладина организација од Кочани ќе исчисти 62 оџаци и собраните средства ќе ги донира за загрозено семејство во Кочани. Хуманата мисија ја спроведува, како што вели, за да помогне на градот кој се соочи со невидена трагедија.
- Слободно нека ме контактираат, ќе исчистиме оџаци, ќе ги собере средствата и ќе ги донираме на најзагрозеното семејство во Кочани. Секој треба да помогне како може и умее. Таму се случи невидена трагедија, изјави шеесет и седумгодишниот оџачар од Куманово.

Како што вели Дино „благословот е поважен од парите“, човечки е да се пружи рака и помош онаму каде што треба. Тој е единствен во Куманово кој сè уште се занимава со овој занает. Дино помага и во Куманово, при гаснење пожари на оџаци. Советува граѓаните навреме да ги исчистат за да нема пожари во текот на зимскиот период. ам/мд/
Фото: Принтскрин