• понеделник, 23 декември 2024

Кумановска „Чистота и Зеленило“ со акции за садење листопадни садници и грмушки

Кумановска „Чистота и Зеленило“ со акции за садење листопадни садници и грмушки
Куманово, 13 април 2021 (МИА) - Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ продолжува со садење на листопадни и зимзелени садници во централното градско подрачје, но и во месните заедници од градот. Директорката на претпријатието, Цевтанка Ивановска денеска информираше дека 120 грмушки и листопадни садници се насадени на кејот. - Во соработка со месните заедници и по урбаните средини имаме засадено садници, имавме заедничка акција во Агино село, со црквите и со џамиите во градот имаме соработка со нив имавме една акција, изјави Ивановска. Таа вели дека садниците и украсни грмушки ќе придонесат за намалување на аерозагадувањето, бидејќи ќе го апсорбираат чадот и издувните гасови. На обвинувањата на опозицијата дека се засадени помалку садници од она што се тврди, Ивановска истакна дека се сади сè што ќе се изнесе од расадникот, нагласувајќи дека се заменуваат стари со нови, но дека има и садници кои не се прифаќаат. Во декември, лани општина Куманово склучи договор со избран економски оператор за набавка на садници „Розен центар Дооел“ од Стримница, Желино. Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 861.173.44 денари. Општината со заштедените средства планира да спроведе дополнителни јавни набавки за садници кои се дел од среднорочните мерки за намалување на аерозагадувањето. Паралелно со садење на садници, претпријатието информираше Ивановска се концентрира на чистење на мините диви депонии во населбите од Куманово. ам/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан