Куманово ќе ги чисти речните корита
- Општина Куманово ќе ги чисти речните корита од од трева, нискостеблести растенија и отпад, кои го попречуваат нормалниот проток на вода на реките на општина Куманово, информираа денеска надлежните. За оваа намена одвоени се скоро два милиони денари. Договорот е склучен со фирма од општина Василево. Граѓаните постојано реагираат дека речните корита се полни со отпад и шут, текстил. Несовесни граѓани исфрлаат разновиден отпад во речното корито на Кумановка.
Куманово, 8 јули 2025 (МИА) - Општина Куманово ќе ги чисти речните корита од од трева, нискостеблести растенија и отпад, кои го попречуваат нормалниот проток на вода на реките на општина Куманово, информираа денеска надлежните. За оваа намена одвоени се скоро два милиони денари. Договорот е склучен со фирма од општина Василево. Граѓаните постојано реагираат дека речните корита се полни со отпад и шут, текстил. Несовесни граѓани исфрлаат разновиден отпад во речното корито на Кумановка.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на последната седница на совет, најави дека ќе се чистат речните корита
- Ќе влеземе повторно во постапка на чистење на речното корито. Намален е водостојот и интервенцијата ќе биде поефикасна, кажа Димитриевски.
Куманово доби и контејнери за одлагање на текстил кои се поставени на 15 различни локации. Текстилот многу потешко се разложува за разлика од комуналниот отпад. Општината и надлежните претпријатија повикаа да се одлага ваков отпад во специјализираните контејнери.
Несовесни граѓани исфрлаат и мебел во речното корито, што ги загрижува кумановци. Кризниот штаб донесе препораки и почна со редовна и вонредна контрола на потегот од Спомен костурницата се до влезот на населбата „Перо Чичо“. Покрај комуналната инспекција на терен се и екипи на СВР Куманово. „Чистота и Зеленило“ интензивно ги чистат „дивите“ депонии на овој потег за да се спречи палење на смет и отпад. ам/
Фото: МИА архива; Oпштина Куманово