• четврток, 19 март 2026

Куманово од понеделник ќе ги реконструира семафорите

Куманово од понеделник ќе ги реконструира семафорите

Куманово 26 февруари 2026 (МИА) - По реакциите на граѓаните, повеќекратните оштетувања, интервенции на светлосната сигнализација и ефикасно спроведување на системот „Безбеден град“ во Куманово, општината најави цлеосна реконструкција на повеќе локации. Градоначалникот Максим Димитриевски на прес-конференција информираше  дека постапката е завршена и избран е изведувач кој ќе изврши целосна замена на семафорите и контролните уреди.

-Претходно беше интервенирано од наша страна и беше променета светлосната сигнализација, но за жал поради вандалско однесување на поединци.Спроведена е постапка, изберен е изведувач којшто треба да направи комплетна реконструкција на три раскрсници во градот - вели Димитриевски.

Според него, реконструкцијата ќе опфати три локации раскрсницата кај Градскиот пазар, кај Школската амбуланта и раскрсницата на улиците „Народна револуција“ и „Трета македонска ударна бригада“. Во однос на четвртата локација на влезот во населбата Перо Чичо  ќе се интервенира со техничка реконструкција поради констатирани дефекти.

-Кога свети жолто светло и кога трепка, тоа не значи дека има дефект, туку дека раскрсницата е исклучена од страна на сообраќајната полиција, која е единствено овластена за тоа, во соработка со СВР Куманово и ресорното министерство - изјави Димитриевски.

Градоначалникот потсети дека при имплементацијата на системот, дел од раскрсниците биле исклучени по барање на надлежните институции, поради создавање дополнителен метеж или технички несоодветности.

-Го поддржувам овој проект затоа што безбедноста на нашите граѓани треба да биде приоритет. Се сеќавате дека пред неполн месец на една од овие раскрсници имавме сообраќајна незгода во која беше уништена дел од светлосната сигнализација и инфраструктурата-изјави Димитриевски.

Реконструкцијата, според најавите, треба да обезбеди поголема безбедност и функционалност на сообраќајот, особено на локации со зголемена фреквенција на ученици и пешаци. Пешаците и возачите реагираат на состојбата и бараат побрзо решавање на проблемот од општината, но и апелираат до СВР Куманово, полициски службеници да го регулираат сообраќајот. ам/са/

Фото МИА

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан