• четврток, 26 март 2026

Куманово објави втор јавен повик за финансиска поддршка на здруженија за реализација на активности од социјална заштита

Куманово објави втор јавен повик за финансиска поддршка на здруженија за реализација на активности од социјална заштита

Куманово, 28 мај 2025 (МИА) - Општина Куманово, денеска распиша втор јавен повик за финансиска поддршка на здруженија кои спроведуваат активности од областа на социјална заштита. Предност при остварување на правото на финансиска поддршка ќе имаат здруженија коишто се во фаза на развој, односно подготовка или воспоставување на социјални услуги, како дел од социјалниот план на Општина Куманово 2023-2026 година.

-Финансиска поддршка се однесува и на здруженија, кои се во фаза на подготовка на документација за лиценцирање или веќе имаат поднесено документација за добивање на лиценца за социјалната услуга во МТСП, а до денот на објавување на јавниот повик немаат добиено лиценца за работа на територија на Општина Куманово, информираат од општината.

Финансиската поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија -вториот јавен повик се распишува заради обезбедување на социјална заштита во рамки на правата и должностите утврдени со Уставот и законите, преку давање на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на oпштина Куманово, информираа од општина Куманово.

Повикот се распишува врз основа на програмата за развој на социјална заштита за 2025 година и правилникот за начинот и постапката за остварување на правото на финансиска поддршка. Финансиската поддршка од овој правилник не се однесува на здруженија, кои веќе имаат добиено лиценца за спроведување на социјалната услуга од страна на ресорното Министерство, а за која бараат финансиска поддршка преку јавниот повик објавен од општината. Право на финансиска поддршка не можат да добијат здруженија, кои три години последователно имаат добиено финансиски средства од КУ за развој на социјални услуги преку објавените повици.

-Предност ќе имаат апликации кои се однесуваат на развој на услуги на вон семејна заштита, информираат од општината.

Подносители на барањата можат да бидат  здруженија кои се регистрирани во Централен регистар со седиште во Куманово, да имаат статут и програма за работа за 2025 година, која опфаќа активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјална заштта, најмалку тридгодшно постоење, успешно реализирани активности, да имаат работно ангажирано минимум едно лице.

Подносители на барањата треба да достават апликативен формулар, изјава, тековна состојба од Централен регистар на статут, програма, потврда од Управа за јавни приходи (УЈП), трансакциска сметка. Документацијата треба да се достави до архивата најдоцна до 10 јуни, годинава кога завршува повикот. ам/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан