Куманово испрати помош за тетовските пожарникари и комуналци
- Општина Куманово итно испрати противпожарни екипи како поддршка на територијалната противпожарна единица Тетово во гасење на активниот пожар во фабриката во Тетово.
![Куманово испрати помош за тетовските пожарникари и комуналци](https://mia.mk/images/20221113144658_big_730x400_92.webp )
Куманово, 30 мај 2022 (МИА) - Општина Куманово итно испрати противпожарни екипи како поддршка на територијалната противпожарна единица Тетово во гасење на активниот пожар во фабриката во Тетово.
- Испративме екипа како поддршка на колегите од Тетово, изјави командирот на кумановската противпожарна единица, Дејан Илиевски.
Од општината денеска информираа дека една цистерна од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ е пратена како поддршка на колегите комуналци во Тетово, поради вчерашното невреме кое го зафати тој регион. ам/фф/