• петок, 05 декември 2025

Куманово ги повика градежните компании да аплицираат за реконструкција на фасада на објектот на училиштето „Браќа Миладиновци“

Куманово ги повика градежните компании да аплицираат за реконструкција на фасада на објектот на училиштето „Браќа Миладиновци“

Куманово, 8 јули 2025 (МИА) - Општина Куманово, во партнерство со УНДП денеска објави отворен повик за избор на изведувач за реконструкција на фасадата на заедничкиот објект на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.

Како што информираа од општината, интервенцијата е дел од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, финансиран од Шведска, со фокус на унапредување на енергетската ефикасност преку реконструкција на фасадата и градежни мерки.

Изведбата ќе се реализира во летниот распуст, во рок од 40 дена по потпишување на договорот. Заинтересираните компании може да аплицираат преку следниот линк: https://procurement-notices.undp.org/view_negotiation.cfm?nego_id=35389[2].

Учениците од кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“ кон крајот на учебната година бираа помеѓу две идејни решенија за изгледот на нова енергетска ефикасна фасада. Поставувањето на фасадата е дел од одлуките на граѓаните на форумските сесии во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од програмската рамка на УНДП, финансирана од кралство Шведска и кофинансиран од Општина Куманово.

Куманово, заедно со други општини е опфатено во „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од програмската рамка на УНДП, финансирана од кралство Шведска и кофинансиран од Општина Куманово. Градот спроведува повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето, кое особено се чуствува во зимските месеци.

Досега се применети субвенции за приклучок на гас, субвенции за клима, садење висококвалитетни садници, останува да се воведат прочистувачи за воздух и поставување фотоволтаици. Според последните истражува во Куманово дефинирани се шест извори на загадување, најмногу согорување на биомаса чии пикови се евидентни во периодот декември-јануари, потоа сообраќај, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли. ам/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан