• четврток, 19 декември 2024

Кумановец фотографирал додека се потпишувал за претседателски кандидат

Кумановец фотографирал додека се потпишувал за претседателски кандидат

Куманово, 4 март 2024 (МИА) - Кумановец фотографирал додека се потпишувал за претседателски кандидат во подрачното одделение на Државната изборна комисија, соопшти денеска СВР Куманово. Вработените од подрачното одделение Куманово на Државната изборна комисија го пријавиле во полицијата вчера.

- Вчера во 20:50 часот во СВР Куманово, двајца вработени во Државната изборна комисија пријавиле дека околу 13:00 часот во просториите на подрачното одделение Куманово на Државна изборна комисија едно лице, кое се потпишало на обрасците за собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, со мобилен телефон сликало додека се потпишувало, соопшти полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ам/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан