Култхард: Хамилтон е способен да ја освои титулата
- Поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култхард ги откри своите размислувања за потенцијалната осма титула на возачот на Ферари, Луис Хамилтон.

Лондон, 5 март 2025 (МИА) – Поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култхард ги откри своите размислувања за потенцијалната осма титула на возачот на Ферари, Луис Хамилтон.
- Тој дефинитивно е способен да го направи тоа повторно. Луис е седумкратен шампион. Може да постигне повеќе. Навистина се сведува на тоа дали Ферари имаат конкурентен болид. Мерцедес минатата година оствари неколку победи, како за себе, така и за Џорџ Расел, но тоа не беше доволно за титулата. Ќе видиме дали Ферари има силен болид. Ако има, сè што треба да направи е да го победи Леклер и тој повторно ќе биде шампион, рече Култхард.
Новата сезона во Формула 1 ќе почне на 16 март со трката за Големата награда на Австралија.
Бранител на трофејот е Макс Верстапен. зс/
Фото: ЕПА