• четврток, 16 мај 2024

Кулеба: Украина досега доби 300.000 од милион гранати ветени од ЕУ

Кулеба: Украина досега доби 300.000 од милион гранати ветени од ЕУ

Киев, 29 ноември 2023 (МИА) - Европската унија досега испорача околу 300 илјади од еден милион гранати ветени на Украина, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Кулеба ова го изјави пред новинарите во Брисел, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО.

Украинскиот министер повика на поголема синхронизација на одбранбената индустрија на Украина и НАТО за Киев да има се што му е потребно за да ја победи Русија.

Покрај тоа, Кулеба ги отфрли тврдењата дека украинската армија не напредува во борбите со Русија, јави ДПА. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан