• четврток, 14 ноември 2024

Кузеска: СДСМ се бори со кризата и ги штити граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ блокира

Кузеска: СДСМ се бори со кризата и ги штити граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ блокира
Скопје, 10 септември 2022
Владата и институциите предводени од СДСМ одговорно и посветено работат на надминување на последиците од глобалната енергетска криза.
Во пресрет на најтешката зима после Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ презема конкретни чекори за зголемено производство на струја, обезбедување доволни количини енергија, но и поддршка на граѓаните и стопанството за полесно справување со последиците.
Во таа насока е и одлуката за ограничување на трговската маржа на електричната енергија со што им се излегува в пресрет на компапниите, училиштата и други субјекти кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар.
Планот за производство на ЕСМ, државната компанија за производство на електрична енергија е зголемен за 25 отсто.
Цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, односно домаќинствата, и натаму ќе биде субвенционирана од страна на државата во висина од 80 отсто.
Покрај ова се преземаат и долгорочни решенија за зголемено производство на електрична енергија и намалување на зависноста од увозот на струја.
Со законски измени, секој покрив станува мини електрана со поставување на фотонапонски панели за што постапката е многу поедноставена.
Владата има јасен план за пребродување на овој кризен период, се до април 2023 година и продолжува посветено да работи во интерес на сите граѓани и стопанството.
И додека СДСМ презема мерки во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена продолжуваат со блокадите.
Наместо конструктивност ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со барањата за избори, за референдум се обидуваат да го попречат нормалното функционирање на институциите, на штета на домашната економија, на штета на граѓаните.
Нивното такво деструктивно однесување одново ќе биде поразено.
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
 ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан