• среда, 04 септември 2024

Кузеска: Поскапува храната, наместо да ги замрзне цените, Мицкоски ги замрзна платите

Кузеска: Поскапува храната, наместо да ги замрзне цените, Мицкоски ги замрзна платите

4 септември 2024

Економските политики на оваа Влада ја носат државата кон сиромаштија додека стандардотна граѓаните почнува забрзано да се влошува. Цените во Македонија неконтролирано продолжуваат да растат, основните производи за прехрана Владата не ги контролира и животот станува се поскап.

За еден месец, за 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на граѓаните во август во споредба со јули.

Граѓаните се жалат на се поскапиот живот а Мицкоски само „апелира“ до бизнисменните да ги намалат цените.

Кога беа во опозицијата беа гласни и ги критикуваа мерките на СДСМ со кои го штитевме стандардот на граѓаните, ги намалувавме цените и се боревме секојдневно со инфлацијата. Денес, во удобните фотелји во Владата мува не ги лази и целосно заборавија на народот.  

Дополнително, додека потрошувачката кошничка расте, власта на Мицкоски ги скрати парите со ребалансот и владата не дава пари за поголема минимална плата. Не дава пари ниту за зголемување на платите во образованието но и во сите други сектори. Работниците се маргинализирани и заборавени, соочени со високи цени и замрзнати плати. Наместо да ги замрзне цените, Мицкоски ги замрзна платите.

Владите во регионот спроведуваат низа на мерки за да им помогнат на граѓаните. Владата на Србија спроведува акција „Подобри цени“ со поефтинување на над 700 производи. Црногорската владата исто така презема марки, ги ограничи маржите во трговијата на големо и мало за повеќе прехранбени и хигиенски производи. Нашите граѓани веќе одат за Врање да купуваат храна, а дома може да купат само моливи и тетратки по поевтина цена, мерка која е крајно задоцнета.

СДСМ бара Владата на Мицкоски да ги напушти погрешните економските политики и итно да изготви сет на мерки. Итно да ја ревидира сопствената економска политика која забрзано ги носи граѓаните кон сиромаштија.

Владата на СДСМ во изминатиот период реализираше голем број мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и обезбедуваше пари кои значително им помогнаа на граѓаните.

Ако не ги прекине овие погрешни политики ДПМНЕ ќе доведе до сиромаштија, влошување на животниот стандард на граѓаните и зголемување на социјалните разлики.

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го заштитија Гаши од одговорност

Во одговор на новинарско прашање портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска рече ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и ЗНАМ на вчерашната седница го заштитија Гаши од одговорност за сите скандали. 

- Се враќа неказнивоста од 2016 година на голема врата, функционерите од власта прават што сакаат без да одговараат. Полна му беше устата на Мицкоски со ветувања дека секој што ќе прекрши правила ќе одговара, тие ветувања паднаа во вода, одговорност нема за никого од власта. После ова гласање ВМРО-ДПМНЕ повеќе немаат образ да прозиваат било кого, рече Кузеска.

Линк до видео: https://youtu.be/XkNbi0jCmUg

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан