• петок, 05 декември 2025

Кузеска: Мицкоски зборува едно, Христовски го демантира, СДСМ бара итна декласификација за случајот со АНБ

Кузеска: Мицкоски зборува едно, Христовски го демантира, СДСМ бара итна декласификација за случајот со АНБ

Скопје, 3 септември 2025 

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување. Oсобено по контрадикторните изјави на Мицкоски и Христовски.  Мицкоски вели едно, дека наводно бил прислушуван, а директорот на АНБ го демантира и вели друго: дека станува збор за „прибирање информации за таргетирани лица“.  Кој овде лаже?, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска,  што МИА го пренесува интегрално.

Затоа е неопходно веднаш да се декласифицираат сите документи и јавноста да ја дознае вистината.

Не може вака да се нафрлаат само изјави во јавноста без докази да им се приложат на граѓаните. Овој случај мора да биде целосно достапен на јавноста за да се утврди дали и кој ја злоупотребил функцијата во безбедносните служби.

Доколку АНБ тоа не го направи, ќе стане јасно дека станува збор за уште еден неуспешен обид за манипулација од страна на власта и предизборна злупотреба.

Исто како и во случаите со наводни дестабилизации, со некакви дронови, со обиди за поткуп од странски компании на премиерот и низа други измислени приказни кои завршија без никакви докази и без разрешница.

ВМРО-ДПМНЕ си игра со безбедносниот апарат и го злоупотребува за партиско мешетарење за дневнополитички цели.

Тоа е одлика на инфантилни политичари и популистички партии, кои имаат само една цел, да го одвлечат вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Од катастрофалните економски политики на власта, од ниските плати кои не растат, од неисполнетите ветувања, од скандалите кои секој ден ја тресат владата.

Растечко незадоволство кај граѓаните поради катастрофалните политики и неисполнетите ветувања е само една од причините зошто ВМРО-ДПМНЕ рециклира потрошени стратегии од времето на Никола Груевски.

Но, граѓаните веќе не им веруваат на овие лажни афери и празни приказни.

Само итната декласификација на целокупната документацијата за случајот со АНБ ќе покаже дали се работи за реален безбедносен проблем или за уште една евтина манипулација на власта во обид да се покријат сопствените неуспеси.

 

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=C4v5iQYIxkc

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

Фото: СДСМ 

Остани поврзан