• понеделник, 23 декември 2024

Кузеска: Економските мерки даваат резултати - спасени се илјадници работни места, продолжи растот на платите

Кузеска: Економските мерки даваат резултати - спасени се илјадници работни места, продолжи растот на платите
Скопје, 3 мај 2021 Досегашната реализација на пакетите економски мерки со цел полесно справување со последиците предизвикани од коронавирусот, ги дадоа очекуваните резултати. Четирите пакети економски мерки коишто ги реализараше владата предводена од СДСМ обезбедија поддршка на стопанството, на граѓаните погодени од коронакризата и обезбедија услови за брзо опоравување на економијата. Позитивни сигнали покажуваат дека економијата заздравува, а потврда за тоа се  позитивните тековни економски движења како високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број на кредитирањето и раст на просечната плата. Буџетските приходи се повисоки во однос на периодот пред кризата. Растот на вкупните приходи е 4,4% а 5% е растот на даноците и придонесите. Вториот пакет економски мерки е имплементиран стопроцентно, а севкупна реализација од на четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет кои треба да дадат дополнителен придонес во подобрување на економскиот резултат. Во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка. Оваа поддршка како и финансиската помош за исплата на плати придонесоа да се спасат стотици илјади работни места, но и да продолжи растот на платите. Во 2020 година во време на криза просечната плата се зголемила за 7,8 отсто и тој тренд продолжува и во оваа година. Просечната плата во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020. Економските мерки даваат резултати. Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои градат силна, развојна и конкурентна економија која носи шанса за сите.  Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ  

Одговор на новинарски прашања: П: Се ближат локалните избори вие како партија имате неколку филтри за избор на кандидати, кога може да очекуваме официјални кандидати за градоначалници и дали се можни предизборни коалицирања со партии кои сега не се во вашата коалицијата? Во однос на коалицирањето, рано е да се зборува во овој момент. СДСМ дефинитивно е фаворит на престојните локални избори, имаме воведено повеќе начини меѓукои и мерит системот, како што се мери работата на градоначалниците, преку тој систем се бара одговорност, но и се мотивира за побрзо да се релизираат сите проекти коишто ги започнале и кои ги ветиле. После Конгресот закажан за 16 мај ќе влеземе во фаза на филтрирање на кандидатите за градоначалници, ќе бидат спроведени анкети во општините и секако преку дигиталниот систем ќе бидат анкетирани и членовите на СДСМ се со цел да се дојде до најдобрите кандидати на којшто ќе излезе СДСМ на овие локални избори. Исто така она што е јасно СДСМ и овој пат ќе излезе со чесна понуда пред граѓаните и ќе ги понуди најдобрите кандидати. П: Дали СДСМ ќе ги поддржи напорите за отворени листи на локалните избори? Веруваме дека оваа наша интенција ќе биде прифатена и ние сме за, се со цел да се дојде до најквалитетните луѓе со коишто ќе раководат со општините во Советите.

___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан