• вторник, 20 август 2024

КУД „Илинден“ од Струга ќе го претстави македонскиот фолклор на фестивали во Турција

КУД „Илинден“ од Струга ќе го претстави македонскиот фолклор на фестивали во Турција

Струга, 20 август 2024 (МИА) - Македонската култура и традиција преку фолклорните настапи на културно уметничкото друштво „Илинден“ од Струга ќе бидат претставени на меѓународни фолклорни фестивали во Турција, информира Љупчо Милошески, кореограф во друштвото.

Според него, КУД „Илинден“ во наредниот период ќе има турнеја на три реномирани фолклорни фестивали. 

- Турнејата ќе ја почнеме в четврток со настап на фестивалот „Свети Јоаким Осоговски"  во Крива Паланка, а ќе продолжиме во Турција на „Фестивалот на килимот“ во градот Ушак и „Фестивалот на победата“ во Афјонкарахисар, изјави Милошески.

На сите фестивалски вечер, нагласи, ќе настапат со седум кореографски постановки и сценски адаптации во оригинални и афтентични народни носии.

- Се надеваме дека и овојпат ќе бидеме достојни амбасадори на нашата Македонија пред светот. На овие фестивали во Турција настапуваме прв пат, но на турската публика сме и познати по претходни наши настапи на други фестивали и одлично сме биле прифатени, изјави Милошески.

КУД „Илинден“ изминатиов период  настапуваше пред странските туристи на охридско-струшката ривиера, а беше дел и од меѓународни фолклорни фестивали во Крива Паланка, Гостивар и Будва. сс/са/

Фото: КУД „Илинден“ архива

Остани поврзан