Многу сочен и миризлив зимски колач, едноставен по изглед и подготовка, но посебен по вкус.
Состојки:
- 2 портокали
- 4 јајца
- 1 чаша масло
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши брашно
- 1 прашок за пециво
- 2 лажици рум
Подготовка:
Целите портокали (со кора) треба да се исецкаат ситно или да се изблендираат. Одделете ги жолчките од белките. Матете ги белките додека не се згуснат и соединете ги останатите состојки во посебен сад по следниот редослед: жолчки, шеќер, масло, портокали, рум и на крај брашно со прашок за пециво. Со помош на жица за матење, нежно измешајте ги белките во смесата со жолчките. Добро намастете го калапот за куглоф со масло и посипете го со брашно.Потоа рамномерно истурете ја смесата во калапот. Испечениот куглоф треба да се остави малку да се олади и внимателно да се преврти за да излезе од калапот на плехот за сервирање.
Сервирање:
Посипете со шеќер во прав, но може да се прелие и со растопено чоколадо. Пријатно!!!
Фото: Фрипик