• петок, 20 март 2026

Кувајт соопшти дека одбил ирански напад

Кувајт соопшти дека одбил ирански напад

Кувајт, 28 февруари 2026 (МИА) – Националната новинска агенција на Кувајт јави дека воздушната одбрана на заливската земја успешно одбила, како што го нарече, „гнасен ирански напад“ претходно во текот на денот.

Цитирајќи изјава на Министерството за надворешни работи, новинската агенција KUNA јави дека Кувајт го задржува своето право да се брани.

Во меѓувреме, Kuwait Airways соопшти дека привремено ги прекинува летовите во и надвор од земјата. јт/

Фото: МНР на Кувајт

Остани поврзан