• среда, 13 ноември 2024

Крокодили побегнаа од одгледувачница во ЈАР

Крокодили побегнаа од одгледувачница во ЈАР
Кејптаун, 4 март 2021 (МИА) – Властите во Јужноафриканската Република (ЈАР) соопштија дека е во тек лов на повеќе крокодили кои побегнале од одгледувачница во провинцијата Западен Кејп. Само синоќа биле заловени 26 единки. - Досега уловивме 26 од нив, но не можеме да прецизираме уште колку се на слобода, изјави денеска портпаролот на владината Агенција за животна средина „Кејпнејчр“ (CapeNature). Станува збор за непознат број нилски крокодили со должина од 1,2 до 1,5 метри избегани од одгледувачницата на реката Бри. Побегнатите животни претставуваат умерена опасност за луѓето бидејќи се навикнати на редовно хранење и не ловат. Но, сепак, се работи за диви животни и властите апелираат луѓето да ги избегнуваат реките. Крокодилите главно се одгледуваат за производство на кожа. Слатководните, како нилските крокодили, можат да пораснат и до пет метри должина, а мажјаците може да достигнат тежина и до половина тон. си/ми/

Остани поврзан