• среда, 26 февруари 2025

Кробарометар: Разликата меѓу ХДЗ и СДП во Хрватска е помала од еден отсто

Кробарометар: Разликата меѓу ХДЗ и СДП во Хрватска е помала од еден отсто

Загреб, 26 февруари 2025 (МИА) – Последните анкети за рејтингот на партиите во Хрватска покажуваат дека владејачката ХДЗ заостанува зад највлијателната опозициска СДП за помалку од еден процент, односно ХДЗ има 26,3 отсто поддршка, а СДП 25,7 отсто.

Намалувањето на предноста на ХДЗ пред СДП се случува веќе петти месец по ред, јавија локалните медиуми.

Според истражувањето Кробарометар за популарноста на политичките партии, што го пренесува хрватската ТВ Нова, движењето Можеме е на трето место со 9,7 отсто поддршка, Мост со шест, додека Татковинското движење на Иван Пенава, кое е партнер во владејачката коалиција, падна на 2,7 отсто.

Според истите податоци, расте и бројот на неопределени и моментално изнесува 15,8 отсто.

Најпопуларен политичар се уште е Зоран Милановиќ, а најнепопуларни се Милорад Пуповац и Андреј Пленковиќ.

Кробарометар е редовно месечно истражување кое агенцијата Ипсос го спроведува за дневникот на ТВ Нова. Истражувањето е спроведено во периодот од 1 до 20 февруари на примерок од 984 полнолетни граѓани од цела Хрватска. јт/

Фото: ТВ Нова

Остани поврзан