• недела, 22 декември 2024

Кришито најави крај на кариерата

Кришито најави крај на кариерата

Џенова, 20 мај 2023 (МИА) – Фудбалерот на Џенова, Доменико Кришито објави дека се повлекува од професионалниот фудбал.

 

Во последниот натпревар од сезоната во Серија Б против Бари (4:3), 36-годишниот Италијанец влезе во 90+3. минута при резултат 3:3 и реализираше пенал кој му донесе победа на неговиот клуб.

 

- Знаев дека овој момент ќе дојде порано или подоцна секој професионален играч ќе мора да се соочи со него. Драг фудбал, имам многу да кажам, но ќе се обидам да бидам краток. Бллагодарност до сите луѓе кои беа покрај мене на ова долго и возбудливо патување. Благодарност до моето семејство, сопругата, моите деца, на кои им ја пренесов страста за Џенова. Фала Џенова. На овој начин се збогувавме и се споивме 5 пати и секој од нив беше како првиот пат. Секогаш кога го облекував дресот на клубот давав се од себе. Враќањето во Серија А е дефинитивно најдобриот начин да се збогувате. Благодарност до сите соиграчи, претседатели, тренери и луѓе зад сцената. Ви благодариме на навивачите на Џенова - вие сте прекрасната душа на фудбалот. Престанувам да играм, но нема да го напуштам светот на фудбалот, бидејќи фудбалот за мене е живот, ги цитира зборовите на Кришито „Скај Спорт Италија“.

 

Триесет и шестгодишниот Италијанец играше за Зенит од 2011 до 2018 година. За Санкт Петербург одигра 224 натпревари, постигна 20 гола и даде 29 асистенции. Во составот на Џенова има 291 натпревар, 31 гол и 13 асистенции. Кришито во текот на својата кариера играше за Јувентус и Торонто.

 

Како дел од италијанската репрезентација, фудбалерот одигра 26 натпревари и постигна 3 асистенции.

 

Оваа сезона Кришито одигра 17 натпревари и постигна еден гол. Џенова заврши на второто место во Серија Б и се пласираше во првата дивизија во италијанскиот шампионат. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан